Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека МВР поднело кривична пријава за насилство за случајот во кој еден работник ЈП „Комунална хигиена“ беше нападнат од колегите затоа што решил да собира смет, наместо да штрајкува со нив.

Денеска ќе биде доставен записникот од инспекторатите да ги видиме нивните наоди и во коориднација сме со Обвинителството и доколку се утврдат елементи за кривично дела, за дел од оние кои придонесоа можно е да бидат поднесени кривичини пријави. Секоја кривична мора сериозно да биде обработена и да се преземат мерки кои се предвидени. Тука не станува збор за ништо друго освен за тоа како што предвидува законот – рече Спасовски.

Во однос на недоследностите во работењето на КХС, министерот смета дека треба да се стави крај на политиканството во претпријатието.

Ако имало недоследности, ако имало давање плати на тие што не доаѓале на рабата, ќе одговараат, нема да има отстапки. Треба да се стави крај на политиканството – додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.