Краткотрајниот пороен дожд, како по обичај, така и попладнево предизвика гужва по скопските улици.

Колони возила го блокираат булеварот „Климент Охридски“ во Центар, каде на дело се покажа нетолерантноста на возачите кои не успеаја или не сакаа да им препуштат на другите возила да ја поминат на крстосницата кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски“, дури и кога тие самите не можат да мрднат напред, поради колоната пред нив.

Сообраќајната некултура уште еднаш се покажа на дело, а од неа страдаа сите учесници во сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.