Синоќа во големата сала во Општина Бутел, граѓаните земаа активно учество со своите предлози, идеи и решенија за модернизирање на Општината и креирање на буџетот за следната година.

Буџетот за наредната 2023 година ќе биде токму од предлозите од нашите граѓани за потребите на граѓаните. Сите граѓански предлози и идеи ќе бидат проследени и детално разгледани од соодветните сектори. Оттаму, се што е реално остварливо и во рамки на финансиските можности и надлежности на Општината, ќе биде интегрирано во Буџетот за 2023 година – рече градоначалникот на Општината, Дарко Костовски.

Тој нагласи дека граѓаните најмногу бараат продолжување на силната динамика која е наметната во изминатата година, бараат нови асфалтирани улици, нови фекални и атмосферски канализации, нови спортско рекреативни центри и подобрување на условите на живот.

За таа цел, Општина Бутел е во финална фаза да донесе развојна програма низ која во наредниот период ќе се решаваат дел по дел од барањата на нашите граѓани. Општина Бутел и во наредната година ќе работи исклучително за потребите и во интерес на граѓаните! Следниот викенд ќе продолжиме со слични активности, гласот на народот го креира буџетот за 2023 година. Продолжуваме со уште посилно темпо! За стабилна, модерна и просперитетна Општина Бутел!, нагласи Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.