Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски најави дека Дедо Мраз ќе пристигне и во Бутел, каде што ќе подели пакетчиња за сите деца.

– Драги дечиња, родители, баби и дедовци ве поканувам во четврток (29.12.2022) со почеток од 11:00 часот на паркингот пред Општина Бутел на една магична, новогодишна “Снежна Бајка” на која ни доаѓа Дедо Мраз во општина Бутел и ни носи подароци и пакетче за сите дечиња.

 

 

Ајде сите заедно со омилените детски ликови Биби и Боби, Елса и Олаф и секако Дедо Мраз низ игра и смеа, да се дружиме и забавуваме, да ја испратиме старата и да го најавиме доаѓањето на новата година, напиша Костовски.

Настанот почнува на 29 декември од 11 часот на паркингот пред Општина Бутел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.