Зоолошката градина во Скопје информираше дека според официјалните резултати од обдукциските наоди, сортните коњи се отруени со брзоделувачки отров.

Резултатите се доставени до МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување, а поднесена е и кривична пријава и активно се трага по сторителот. Од Зоолошката велат дека ги проверуваат сите снимки од безбедносните камери.

Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот – додаваат од Зоолошката.

Коњите кои угинаа во скопската Зоолошка градина се од видот Пржевалскиев коњ, што важи за многу ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија.

Коњите биле донесени од Национален парк од Австрија, а до неодамна важеле за изумрен вид во дивината и нивната вредност е голема.

Смртта на животните во полицијата ја пријавил вработен во ЗОО Скопје, кој се сомневал дека биле отруени.

Пред еден месец скопската Зоолошка градина го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми поради неисполнување на низа обврски зададени од Асоцијацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.