Сите ние што бевме надвор додека гореа азбестни кровови во Треска бевме изложени на азбестни влакна кои педизвикуваат бројни респираторни проблеми, се канцерогени и предизвикуваат рак на белите дробови, велат од О2 иницијатива.

Азбестот е на листата на опасен отпад. Немаше јавно предупредување за тргање од улиците и парковите и затворање на прозорите дома додека азбестниве влакна си патуваа низ воздухот кој го вдишуваме. Загрозено беше здравјето на секој жител на Скопје, особено на тие од Центар и Карпош.

Кога азбестниве покриви и изолации ќе се отсранат од градов на безбеден начин и нема да чекаме пожари или несоодветни рушења на објекти кои нè изложуваат на канцерогениот опасен отпад, азбест?

Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна? Кој ќе е одговорен што немаше предупредување за граѓаните да се тргнат од надворешниот простор и ги затворат прозорите?, се вели во објавата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.