Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со директорот на ЈП Улици и Патишта Борис Настов денес беа во посета на улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Ченто.

Како што информираше градоначалникот, со Настов договориле во следниот период да се започне постапка со која низ заедничка соработка со Градот Скопје ќе биде асфалтирана оваа улица.

Соработката на општина Гази Баба со Градот Скопје и јавните претпријатија ќе продолжи и во следниот период со цел реализација на голем број на проекти за подобрување на патната инфраструктура во населените места низ општина Гази Баба, напиша Стефковски

Соработката на општина Гази Баба во Градот Скопје досега резултираше со комплетна реконструкција на паркот Склуптура во Автокоманда и со склучување на договор за меѓуопштинска соработка за реконструкција на улицата „Перо Наков“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.