Во Дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда денеска ќе бидат примопредадени шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас. Автобусите се донација за возниот парк на ЈСП од Европската Униуја преку проектот „ЕУ за чист воздух“.

Овие автобуси претставуваат значаен чекор на патот на Град Скопје кон намалување на емисиите, подобрување на квалитетот на воздухот и промовирање на одржлива урбана мобилност, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

На настанот е најавено присуство на амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставничка на УНОПС во Македонија, Микела Телатин, и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.