Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, негира рушење игралиште и фонтана во Карпош откако дел од жителите на општината преку писмо порачаа дека се планира игралиштето, фонтаната и зеленилото покрај булеварот Теодосиј Гологанов да се претворат во згради со точка од ДУП.

Јакимовски најави дека фонтаната, плоштадот и игралиштето покрај булеварот нема да се рушат.

Од ВМРО-ДПМНЕ се јавуваа на луѓе да ги лажат дека ќе им се уништела фонтана и ќе се направела улица. Сè е тоа лага. Нека престанат со лагите и со флоскулите на урбана мафија бидејќи белата фасада им е плод на урбаната мафија“, додаде градоначалникот.

Во писмото петиција, потпишано од жители на Карпош, се најавува протест, кој е закажан за утре пред зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент, каде што треба да се одржи седницата на Советот на Општината. Според нив, со планот ќе се уништи целиот комплекс спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ – паркот со фонтаната и игралиштето за деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.