Откако градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, доби пратенички мандат, на неговото место до следните локални избори ќе биде Иљас Весели, советник во оваа општина.

Изразив честитки за мисијата што ја презеде г. Иљас Весели. Исто така, изразив подготвеност за безрезервна поддршка, со единствена цел Општина Сарај да ја одржи динамиката на реализација на проектите кои се од интерес за сите жители на нашата општина, информира Беџети со објава на својот Фејсбук профил.

Беџети во објавата посочува дека по повод почетокот на ангажманот на Иљас Весели за заменик градоначалник, имал чест заедно со претседателот на Советот Муса Алили да разговараат за настанатата состојба, како и за непреченото одвивање на работните процеси, врз основа на законските надлежности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.