И сеа маќео шу праиме? – вака Ленин Јовановски, директор на приватната компанијата „Слобода превоз“, која учествува во јавниот превоз на Скопје и се обраќа на градоначалничката Данела Арсовска. Тој на Фејсбук објави видео снимка направена во автобус на ЈСП, на која се гледа дека возчот му продава билет во готово, без да му издаде фискална сметка.
„Велат, на лагата и се кратки нозете. Јас велам некому му е краток паметот, а долг јазикот. Ова е пракса во секој автобус на ЈСП, каде возачите од директорот на ЈСП се принудени ова незаконито продавање да го прават токму вака. И сеа маќео шу праиме ? Крадецот викал на цел глас држете го крадецот“ – пшиува Јовановски во својата објава.
Арсовска која неодамна ги обвини приватните превозници дека продаваат билети за градски превоз во готово, и дека тој промет не го пријавуваат. Приватните автобуски превозници пак тврдат дека ЈСП им должи повеќе од 1.3 милиони евра за неплатени транспортни услуги. Тие утре излегуваат на голем протест на крстосницата пред ГТЦ Мавровка и Судската Палата, каде планираат да паркираат повеќе од 30 автобуси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.