Директорот на депонијата „Дрисла“, Александар Кузинаков, поднел оставка на функцијата, објави „Скопје1“. Како што пишува порталот, истовремено, скопската градоначалничка Данела Арсовска „на големо“ дели откази низ Град Скопје. Тоа го прави по разни основи, известувања се закачуваат и на огласната табла. Кузинаков е вториот директор кој не сака да продолжи да ја извршува директорската позиција, откако вчера тоа го направи директорот на ЈП „Паркови и зеленило“.
Неофицијално, десетина лица останале „на улица“, откако Арсовска решила дека не сака повеќе да соработува со нив. Меѓу нив, блиски соработници, но и лица кои имале договори со Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.