Без вода денеска од 10:45 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Блажо Орландиќ“, „Илија Димовски – Гоче“ и „Димитар Македонски“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на противпожарен хидрант на улица „Блажо Орландиќ“ 28а.
Поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на булеварот „Трета македонска бригада“ во близина на фабриката „Раде Кончар“, денеска од 11:10 часот без вода се дел од корисниците од овој булевар и објектите на „Раде Кончар“, „Окта“ , „Тинекс“ и Американ Колеџ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.