Екипите на зимската служба од ноќеска и утрово се на терен и ги чистат булеварите и улиците под надлежност на Градот, и тие се чисти и проодни. Од почетокот на врнежите на снег до сега се фрлени 300 тони индустриска сол, соопштија од Град Скопје.

Чистењето на сообраќајниците и тротоарите го вршат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, на располагање е и механизацијата на преостанатите јавни градски претпријатија. Покрај чистењето на сообраќајниците, активни се и тимовите и на преостанатите градски јавни претпријатија кои интервенираат со луѓе и со механизација во чистењето на јавните површини, расчистување на паднатите дрвја и на сливниците.

И во текот на денешниот ден продолжуваат активностите на зимската служба кои будно ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите, согласно со условите на теренот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.