Со почетокот на мандатот на градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски во општината се изведуваат капиталните проекти ветени во изборната програма.

Стојкоски истакна дека на локацијата во Ново Село, на околу 11 хектари земјиште, каде што претходно имало дива депонија ќе започне со изградба на нов мега парк, истакнувајќи дека како општина не може да се ослонат само на средствата од општината, туку дека бараат и дополнителни извори на финансирање преку ИПАРД и Светска Банка.

Успеавме да го санираме течението на реката Лепенец и почнуваме со реализација на проект за нов мега парк во Ѓорче Петров,на локацијата на поранешната депонија во Ново Село. Не можеме да се ослониме само на средствата од нашиот буџет, бараме и други извори на финансирање. Ги јакнеме капацитетите на Секторот за локален економски развој, бидејќи како општина сме поволни за меѓугранична соработка и веќе тераме проект за изградба на нова пречистителна станица во село Орман, истакна Стојкоски.

Општината има услови да ги користи средствата од ИПАРД-компонентата, достапни ѝ се средства од Светска банка, така што, инфраструктурно ќе се насочи да бараме средства за долгорочно финансирање преку овие институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.