Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без електрична енергија на ден денеска (среда) ќе останат:

од 11:30 до 12:30 часот, Граничен премин и Терминал „Блаце“, село Блаце и Караула „Блаце“. (Општина Бутел)

од 09.00 до 14:00 часот, дел од ул. Румена Хаџипанзова бр. 16 и 18. (Општина Кисела Вода)

од 08:00 до 15:00 часот, дел од с. Ракотинци. (Општина Сопиште)

од 09:50 до 12:00 часот, нас.Катланово, Кочкова Населба, Катлановска бања, Месна Река и с. Градманци. (Општина Петровец)

од 09:00 до 15:00 часот, дел од улица Тетовска. (Општина Центар)

од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од Булевар Партизански Одреди, подулици 4 и 10, (во близина на мост Обединети Нации). (Општина Карпош)

Во однос на прекинот на водата, на ден 06.04.2022 година (среда):

Поради отстранување дефект на водоводен затварач (шибер) со пречник од Ф80 мм на улица Прохор Пчински 7, од 09:00 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Прохор Пчињски и ул. Самоилова. (Општина Центар и Чаир)

Поради дефект на водоводен затварач (шибер)Ф150мм.на улица Питу Гули 6 до Американската резиденција со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улица Питу Гули, Ганчо Хаџипанзов, Капиштец, Димитар Пандилови дел од Загребска, дел од Караорман и дел од Леринска. Ќе има обезбедено и цистерна со питка вода. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на дефектот.

Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм на улица Димитрие Чуповски бб. до гимназијата Јосип Брос Тито. Со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Димитрие Чуповски од гимназијата Јосип Брос Тито до министерството за Правда и дел од улицата Даме Груев. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.