Додека скоро цело Скопје и делови од Велес, Штип, Свети Николе попладнево останаа без струја поради испад на далноводот од трафостаницата „Скопје 4“ во населбата Пинтија, државните институции работеа непречено.
Според видеата кои беа објавени на социјалните мрежи Владата имаше струја, како и останатите витални државни институции. Министерот за здравство Беким Сали соопшти дека во Клиничкиот центар во Скопје прекинот на струјата не ја попречи работата на докторите и негата на пациентите.
Сите институции во вакви случаи на дефект со струја се снабдуваат преку електрични агрегати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.