Човечки фактор или искрење од далноводите како причина за пожарот поради кој Скопје, делови од Штип, Свети Николе и други населени места останаа без струја. МВР веќе ги проверува снимките од безбедносите камери поставени во близина на местата каде што се случија дефектите, објави „Телма“.

Според официјалните информации од МЕПСО до прекинот со снабдување со електрична енергија дојде поради испад на далноводот од трафостаницата „Скопје 4“ во населбата Пинтија која го снабдува со струја поголемиот дел од градот, но и трафостаницата Бунарџик преку која се снабдуваат градовите во овчеполскиот регион. Оттаму додаваат дека диспечерите го вратиле напонот во поголемиот дел од мрежата и дека се работи на отстранување на изолирани дефекти поради што можни се краткотрајни прекини во снабдувањето.

Пожарот кој избувна на само сто метри од клучната 400 киловатна трафостаница „Скопје 4“ и точно под далноводот кој води кон трафостаницата Бунарџик бил локализиран брзо од скопските пожарникари. Не се исклучува можноста дека е прдизвикан од искра од далноводот, а експлозијата на трафостаницата во Бунарџик била пријавена неколку моменти подоцна.

Според информациите на „Телма“, на трансфоматорот кај Бунарџик дошло до оштетување на осигурачите, што укажува на фактот дека заштитниот ланец бил пробиен, автоматската заштита не реагирала навремено и поради тоа се случила експлозија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.