За оваа сабота, подготвена е дневна празнична програма на Плоштадот во Скопје, каде со почеток од 11:00 часот. Дедо Мраз ќе пристигне на Плоштад Македонија, децата ќе имаат можност да се фотографираат со него и да се дружат со останатите маскоти.

Биби и Боби се веќе подготвени за нивната шоу програма, а ќе настапуваат и Скопје Лејдис Оркестра. Вечерната забава започнува од 19:00 часот со Јанг Дади, ќе продолжи со настапите на Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска и Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска и диџеј Ампов.

За дочекот на Новата 2024та година, на Плоштад Македонија ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.