Скопје веќе две години го голта црна дука и блиску е денот кога ќе исчезне како вселенска грутка ѓубре. Приватни превозници на улиците сѐ уште нема, капитални проекти па ич, Универзална сала сѐ уште зјапи отворена за да се доуништи и тоа што останало од салата, решенијата за данок кои беа поделени годинава само се повеќе погрешени отколку точни… и да не наројуваме уште кога и онака нашата градска шмизла е на тенис во Бања Лука.
Да, драги скопјани, Данела не е дома туку на АТП-турнирот Српска опен во Бања Лука.
Всушност, Данела е во Република Српска на покана на градоначалникот на Бања Лукa Драшко Станивуковиќ, со кого денес имала и официјална работна средба на која ги побратимиле Скопје и Бања Лука.
Арсовска вели дека Бања Лука е економски, политички и културен центар на Република Српска, со огромен потенцијал за развој на трговската размена и економијата, па затоа покренале иницијатива за збратимување на двата града.
Од друга страна, и побратимот Драшко Станивуковиќ повеќе е познат по скандалите отколку по проектите.
Триесетгодишниот политичар е градоначалник на Бања Лука од 2020 година. Тој е член на партијата за демократски прогрес (ПДП), а во политиката е активен од 18 години. Живее во палата од филмовите, во која како што пишуваат талоидите едвај чека да се всели српската турбо-фолк пејачка Тања Савиќ.
Станивуковиќ е скандал мајстор и со професионалниот живот како и во приватниот. На интернет сѐ упте е достапна снимка, на која колешка во службените канцеларии го јава како коњ. Тој ја потврди автентичноста на снимката, но рече била направена пред 3 години.
Политички, за Станивуковиќ се врзуваат доста контроверзи.
Ги нарече Црногорците измислен народ, подифна спомен-плоча на мајорoт на ЈНА Милан Тепиќ, кој во 1991 се саморазнесе и уби со себе десет хрватски војници во Вуковар, геноцидот во Сребреница го нарече „големо злосторство и трагедија“. Во БиХ го нарекуваат „четник“, „негатор на геноцидот“ и „полош националист од Додик“. Смета дека секој има право на секакви одлуки, но додека тој е на чело на Бања Лука, геј парадата нема да се организира, бидејќи смета дека една е доволна за БиХ, онаа во Сараево, сето тоа со образложение дека е Србин и православен, како и дека „геј парадата не е во духот на нацијата на која ѝ припаѓа“.
Kralj raskoši Draško Stanivuković živi u neviđenom luksuzu. Osim što sjedi on i hoda po zlatnim garniturama. Prema pisanju izvođača radova u kuću su ugrađeni mozaici od čistog zlata 24-karatnog. Ovo je bosanski Versaj. pic.twitter.com/fq1D41aC4m
— Veritas (@Veritas90176765) November 9, 2020
Ставовите на Станивуковиќ во голема мера се контроверзни за реионот, а нашиот главен град е збратимен град со 27 градови во светот, од кои 7 се од поранешните ЈУ-републики: Белград, Ниш, Сараево, Софија, Загреб, Љубљана и Подгорица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.