Снимка на која се гледа како девојка во канцеларија го јава градоначалникот на Бања Лука Драшко Станивуковиќ се шири на социјалните мрежи.

Босанските медиуми тврдат дека се работи за Олга Бабиќ, вработена во Градската управа кој наводно му е десна рака на градоначалникот.

Го исправаш грбот, ја фаќаш мојата јака исто како уздите на коњот“ – објаснува Станивуковиќ додека девојката му седи на грбот.

Потоа тој и дава упатства како да го контролира коњот, со која нога и каде и како треба да удри.

Медиумите во Босна и Херцеговина ја пренесуваат снимката карактеризирајќи ја како скандалозна.

Се огласи и градоначалникот Станивуковиќ кој објасни дека снимката е направена пред три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.