Се ближи средината од месец декември, а граѓаните масовно зборуваат за пречекот на Новата година, но и за фактот дека мал број градови во земјата имаат новогодишно украсување.

Ова создава дополнителен револт кај граѓаните, посебно кај жителите на метрополата кои бараат украсување како во сите големи градови во околината и Европа.

На оваа тема се осврна и истакнатиот доктор Нико Беќаровски, кој укажува дека „за предновогодишна атмосфера потребни се насмеани и среќни граѓани, а не само накитени лампиони“.

Атмосферата во европските метрополи ја создаваат ведрите лица на граѓаните кои веруваат во подобро утре.

 

Колку и да го украсите Скопје, без да ги уверите граѓаните во подобра иднина, нема да ја доловите магијата на предновогодишните денови.

 

Еден градоначалник веќе се обиде со стиропор да го направи Скопје европска метропола, но не успеа.

 

Додека не се врати насмевката на лицата на сите скопјани, Скопје ќе остане касаба, заглавена во крајот на 19. век, без оглед на сите шарени лампиони и светилки.

 

И најубаво накитената новогодишна елка без раздраган детски џагор, е само декоративен објект.

 

Затоа прво вратете ѝм ја вербата и надежта на Скопјаните, за да може лампионите да го “греат” градот и да го вратат сјајот на предновогодишната еуфорија – напиша Беќаровски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.