Речиси една недела не се во употреба лифтовите во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Универзитетското студентско собрание на УКИМ апелираше до директорот на Државниот студентски дом – Скопје итно да се пуштат во употреба лифтовите во сите блокови на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Како што информираат од УСС, на 4 декември оствариле средба со директорот, каде добиле ветување дека поради редовен сервис и сертифицирање, лифтовите ќе бидат функционални од среда, 6 декември.

Кога тоа не се случи, добивме информација дека лифтовите со сигурност ќе бидат функционални до четврток 7 декември. Во овој момент во домот функционира само еден лифт и тоа во блокот Б. Нехумано е во денешницата студентите со денови да бидат приморани да се качуваат до 14 кат во блоковите“, велат од УСС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.