Град Скопје известува дека новогодишното украсување е почнато и дека градот ќе блесне на 15 декември, но, како што велат, за многу пониска сума од претходно.

Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра. Минатата година, во време на најголемата глобална економска и енергетска криза, градот беше накитен без дополнителни трошоци, а средствата предвидени за китење, но и трошоците кои порано се правеле за ручеци и пиење по кафани, беа наменети за ранливите категории на граѓани, стои во соопштението на Град Скопје.

Оттаму информираат дека и оваа година ќе има украсување, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот, преку, како што се вели, сомнителни набавки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.