Стотина нови административци биле вработени непосредно пред изборите, информира вечерва скопската градоначалничка Данела Арсовска. Во гостување на ТВ Шења Арсовска ги демнатира невистините на власта дека дека ќе бидат потрошени средства на партиски вработувања.
Претпоставувам дека мислеле на нешто што тие планирале да го направат, но сега не се во можност бидејќи ги изгубија изборите. Неопходно е во градот и во јавните претпријатија да се консолидираат процесите. Ние гледаме дека тие ја зголемиле бројката на вработени за 100 нови, а услугите коишто им се нуделе на граѓаните не биле ништо поквалитетни. Напротив, трошеле пари на кафеани, на непродуктивни трошоци и сега повеќе за тие намени не се трошат парите на граѓаните, изјави градоначалничката на Град Скопје.
Арсовска истакна дека се во тек ревизии на работењето на градот и на јавните претпријатија во изминатите години и фактичката состојба укажува на сериозни проблеми, истакнувајќи дека претпријатијата се финансиски девастирани.
Сериозни ревизии се во тек, за дел имаме конкретни информации и за истите отпочнавме со информирање на јавноста. Во моментов ги сумираме дел од забелешките коишто ги добивме, но ќе покренуваме и соодветни постапки за нотирани злоупотреби на службената должност и овластувања и се што се правело, а не било во интерес на граѓаните. Има основани сомненија, ја известуваме јавноста и понатаму се доставуваат до надлежните институции коишто би требало да постапат, за истото да не се повторува и во иднина, вели Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.