За првпат во регионот спроведуваме проект вреден над 160 милиони евра за прочистителна станица во Скопје каде ќе се прочитуваат над 90% од урбаните отпадни води во Скопје. Ова е најголем еко проект во земјава. Ќе започнеме проект за рециклажа за градежен шут што за првпат исто ќе биде спроведен, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешното гостување на ТВ Шења.

За градоначалничката на Скопје екологијата е приоритет и досега се покажа за успешно системското решавање на депониите во градот.

Сите диви депонии што беа детектирани во предизборните активности се исчистени. Тоа се над 150 депонии. Дел од нив се санираат, прераснуваат во зелени површини, на пример една од нив е во Ѓорче Петров каде сега ќе има парк. Имаме системско решение односно постојани контроли, високи казни, дојави од граѓани за обиди за креирање на нови депонии. Го решаваме овој проблем системски, бидејќи досега такви решенија немало, додаде Арсовска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.