Историјата на ВМРО-ДПМНЕ и скопските градоначалници се повторува. Случајот „Данела Арсовска“ е речиси пресликан со оној на нејзините претходници Трифун Костовски и Ристо Пенов.

И тие откако ја добија поддршка од ВМРО-ДПМНЕ и станаа градоначалници на Скопје, ѝ го свртеа грбот на партијата која ги донесе на функцијата и продолжија самостојно или пак како партиски сателити да настојуваат да го продолжат патот кон повисоки политички дострели.

Но, за жал праксата покажа дека нивните одлуки биле погрешни и разелбата со ВМРО-ДПМНЕ им се врати како бумеранг. И Косотовски и Пенов после тоа ги снема од политичката сцена. Останува да се види дали истото ќе се случи и со Арсовска.

Она што подолго време се насетуваше и се случи. Соработката помеѓу „независната“ Данела и ВМРО-ДПМНЕ заврши.

Арсовска цело време се обидуваше да создаде впечаток дека е независна во својата работа и дека нема никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ.

Да се потсетиме, така не изгледаше кога победата над Петре Шилегов со трубачи ја прослави пред седиштето на партијата која ја донесе на чело на град Скопје.

Несоработката на Данела со директорите на јавните претпријатија предизвика првите луѓе на Градски паркинг“, „Дрисла“ и Водовод“ да си поднесат оставка. И Христовски и Перински и Мицевски имаат идентично мислење за Аровска дека таа нема слух за проблемите на градот и оти си заминуваат со крената глава.

Кога на тоа ќе се надоврзе протестот на жителит на Шуто Оризари на чело со градоначалникот Курто Дудуш, кој се пожали дека немаат никава соработка со Арсовска и дури дека го немаат нејзиниот број.

Затоа, неубедливо делува објаснувањето на Арсовска дека „директорите на јавните претпријатија од ВМРО-ДПМНЕ добиле понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.