Советот на Град Скопје донесе одлука со која спортските сали во скопските средни училишта ќе можат да ги даваат под закуп директорите на училиштата.

Пред само десет месеци истиот Совет на предлог на градоначалничката Данела Арсовска донесе одлука за нов правилник за издавање под закуп на имотот на Град Скопје со кој директорите немаа право да ги издаваат спортските сали или дворовите на училиштата туку, како што беше кажано тоа ќе го прави Градот.

Арсовска новата одлука ја прогласи за незаконска и најави дека нема да ја почитува, со што уште повеќе се продлабочува конфликтот помеѓу неа и советниците во Советот.

Одлуката која ја предложивте сега е незаконска, ваша е одлуката дали ќе гласате за неа, а наша обврска е нешто што е спротивно на законот да не го спроведеме, рече Арсовска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.