Не е исполнето изборното ветување за 2020 година на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за изградба на осум спортски сали за основните училишта во Тетово. Од осумте ветени спортски сали изградена е само една, пренесува Порталб.мк.

На минатите избори ДУИ ветуваше спортски сали во осум тетовски училишта, кои според нивната изборна програма за 2020-2024 требаше да бидат готови до 2024 година. Тогаш се споменуваа училиштата „Братство Миѓени“, „Андреа Савески Кикиш“, „Кирил и Методиј“, „Лирија“, „Наим Фрашери“, „Истикбал“, „Рилиндја“ во Селце и „Ѓерѓ Кастриоти“ во Џепчиште.

Но, еве во 2024 година изградена е салата само во училиштетот „Андреа Савески Кикиш“, каде поголем дел од учениците се Македонци, додека седум од ветените спортски сали останаа само на хартија. Учениците и наставниците од овие училишта недостигот на спортските сали најмногу го чувствуваат во есен и зима кога часовите по физичко образование мора да ги одржуваат внатре.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.