Два дена и требаше на грдоначалничката Данела Арсовска да реагира на сметот во Скопје. Откако Скопје на температури над 30 степени целзиусови се затрупа вечерва заседаваше Кризниот штаб на Град Скопје кој поради штрајкот во ЈП Комунална хигиена и одбивањето на работниците да го собираат ѓубрето. По состанокот градоначалничката Данела Арсовска изјави дека ѓубрето ќе биде исчистено, иако општините каде што градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ, веќе го собраа сметот со помош на механизација од други општини.
Арсовска пак се занимаваше со напади, обвинувања и навреди. Вели мафијашки структури два дена го блокираат претпријатието. Причините биле лични интереси, а се работело за лица кои повеќе од 15 години работеле само една смена што било спротивно на закон. Арсовска вели дека поголем дел од нив воопшто не доаѓале на работа. Според неа директорката Мазнева била во право дека ќе се појават стаорци низ градот, притоа навредувајќи ги градоначалниците од скопските општини со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ.
-Тоа и се случи. Погледнете ги овие стаорци од политичките елити како инструирано веднаш отскокнаа и ја користат оваа состојба која самата ја креираат за ситни политички поени – вели Арсовска.
Воедно Данела Арсовска на прес конференција вечерва му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека е разобличен.
Разобличен е затоа што со бескрупулозност, за евтини политички поени, сака да креира проблеми за граѓаните кои потоа сака да се претставува дека ги решава и дека ги расчистува. Таквите политичари се најголемото ѓубре кое што овој град го видел и ние вечерва ќе почнеме со чистење на ѓубрето да ги чистиме и нив, порача Арсовска.
Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ
Ја разбираме специфичната состојба во која се наоѓа Данела Арсовска, иако не ја оправдуваме истата. Веројатно ѓубрето е помалиот дел од проблемот, туку личноста со слицни карактеристики на него, која го води градот. Оттука изразуваме сериозен сомнеж за деловната способност на Арсовска да го води градот. Нема претпријатие кое не го упропасти, а последниот случај покажа дека ЈП Комунална хигиена може да работи само во тесна соработка со полицијата на Спасовски.
Данела Арсовска потребно е да си даде оставка и да престани да го измачува Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.