Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, учествуваше во Македонско-Чешкиот бизнис форум што се одржа денеска во Скопје, при што ја потенцираше одличната соработка која македонските компании ја имаат со компаниите од Чешка, која е во топ 20 трговски партнери на земјава.

Таа додаде дека ова е одлична можност за вмрежување на компаниите, како и дека Градот Скопје става на располагање поддршка на компаниите кои се заинтересирани за инвестиции во Скопје.

– Во рамки на форумот Арсовска имаше билатерална средба со заменик министерот за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки на која се договорија конкретни чекори и активности за зголемување на трговската размена меѓу двете земји, соопштија од Град Скопје.

На бизнис форумот свои обраќања имаа и заменик министерот за индустрија и трговија на Чешката Република, Едуард Муржицки, амбасадорот на Чешката Република во Скопје, Јарослав Лудва, како и заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.