Најголемиот христијански празник, Воскресението Христово ја празнува победата на животот над смртта. Во најсветиот период во годината за православните христијани, ги славиме надежта, животот и победата над сите искушенија, напиша на својот фејсбук профил градоначланичката на Скопје, Данела Арсовска.

Драги сограѓани, дозволете ми да ви го честитам најголемиот христијански празник Христовото Воскресение, и да посакам Велигден во вашите домови да донесе здравје, мир, хармонија и радост, кои ќе ги споделите со најблиските.

Велигден е празник на вечната верба и надеж. Да го славиме животот, со скромност, чесност и меѓусебна почит. Со желби за добро здравје и благодет во секое семејство, ви го честитам празникот. Нека е за многу години. Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.