На денешната трибина „Предизвици на Градот Скопје“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, координатор на советничката група на Град Скопје при ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истакна дека ако нешто може да се каже дека функционира во Градот, тоа е единствено Советот на Град Скопје.

За првпат од кога постои Совет на Градот Скопје воведовме една пракса на транспарентност, каде што граѓаните во живо можат да ги следат седниците на Градот Скопје, да ја видат одблиску работата на секој од нас советниците, како и градската власт. Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата воспоставивме пракса од самиот почеток на отворени денови за средби со граѓаните. И колк што сум запознаена не само тие официјални денови кога имаме предвидено средби со граѓаните, буквално секој советник од оваа советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остваруваат средби на дневна основа со граѓаните дали тоа се поединци, здруженија и сл., рече Андоновска.

„Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата наша примарна цел е остварување т.е. реализација на програмата „За модерно Скопје“. Како повеќето партии така и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанавме зад оваа програма „За модерно Скопје“ и буквално одевме од врата на врата, во секој дом, и ја промовиравме оваа програма. Од тие причини наша обврска е и обврзувачки е ние да се обидеме како Совет, како советници да направиме што е можно повеќе оваа програма да се реализира. И тоа е единственото нешто што ние го бараме како Совет. Она што јас можам да го кажам е дека не постои ниту еден проект кој што бил предложен на дел од програмата или проект кој што е за доброто на граѓаните на Град Скопје, а советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за него. Значи такво нешто не постои и покрај обвинувањата дека тоа се случува“, заклучи таа.

Андоновска нагласи дека граѓаните не сакаат да гледаат меѓусебни обвинувања и лаги, туку сакаат да видат дека советниците, градоначалникот, Градот се оние што зборуваат, имаат натпревар на идеи кои што би значело подобар проект или побрза реализација на истите проекти. Во Градот Скопје транспарентност нема, отчетност нема. Советниците на Градот Скопје не добиваат ниту одговор на советничките прашања кои што ги поставуваат.

Советничките прашања не се лични прашања туку тие произлегуваат од средбите со граѓани. градоначалникот на Град Скопје не треба да одговори на советниците, туку да одговори на граѓаните.

Градот во моментов е узурпиран од актуелниот секретар на Градот Скопје. И зошто ова го кажувам, без двојба? Поради тоа што во Градот во последно време се секаде поставени камери, не знам со која цел. Поставени се дури и безбедносни врати. Но, ајде тоа да го тргнеме настрана, јас морам да споменам една случка што ми се случи скоро, а тоа е дека како што споменав имаме средби со граѓани и тоа е на различни локации, или во просториите на некој од нашите партиски штабови или некое друго место, или пак просториите кои што ни ги овозможува и ни ги дава на користење Градот Скопје. Ете тоа пред некој дена се случи, јас се обидов да остварам средба со една личност во просториите на Градот Скопје. Влегов внатре и ја чекам личноста да дојде, но после извесно време, доцни нели, ми се јавува и вика морате да излезете надвор. Велам зошто. Личноста ми вели јас сума на пријавница веќе половина час, овде морам да потполнам формулар каде одам, како одам, но морам да потполнам вели и зошто одам, а воедно кај тој што одам да дојде овде и да се потпише. Па, замислете чив е Градот Скопје, кога не можат граѓаните да дојдат и да си ги кажат таму маките, појасни Андоновска.

Таа порача до градоначалничката и секретарот веднаш да се ослободи Градот Скопје, бидејќи тој не е нивен туку на граѓаните.

Ѓоко Велковски, поранешен секретар на Град Скопје. на трибината за предизвиците во град Скопје на политичкиот саем „Саем на промени што носат иднина”, истакна дека во тие 10 месеци додека бил генерален секретар вратите биле отворени за сите граѓани, се обидувале се решаваат проблемите на граѓаните но по негово заминување сега гледаме како менаџментот на градот е фокусиран на рекла кажала муабети наместо за потребите на граѓаните.

Тој посочи дека втор човек на град Скопје целото внимание било насочено кон реализација на проектите, меѓутоа по неговото заминување проблемите се појавиле и почнала тортура кон вработените во град Скопје, неотчетност кон граѓаните.

Се заложивме за мега паркови во Скопје, да најдеме начин за намалување на аерозагадувањето, да направиме проодни булевари, нови булевари, тоа се проекти за кои од прв дена баравме начин да го реализираме, но одредени структури од кај градоначалничката па ни самата таа денеска немаме ниту еден мега парк, немаме почнат булевар, за аерозагадување нема мерки, а за Луна парк да не зборуваме. Наместо за бесплатен јавен превоз денеска гледаме дека нема превоз, градски линии не сообраќаат затоа што вработените во ЈСП не земале плата, а ни на другите приватни превозници не им се исплатени парите, рече Велковски.

„Депонијата Дрисла е една од клучните фактори за поздрава и поквалитетна животна средина во градот Скопје. Депонијата Дрисла е единствена регионална депонија во Република Македонија која работи со еколошка „А“ интегрирана дозвола која е издадена од министерството за животна средина и е на највисоко ниво“, изјави поранешниот директор на Депонијата „Дрисла“ Јане Мицевски.

Мицевски потенцираше дека градот Скопје на дневна основа создава 600-тини до 700-тини тони комунален отпад и како Депонија Дрисла мора да размислуваме како умешно да се справуваме со тој отпад. Депонија Дрисла мора со нејзиното модернизирање и со нејзиното усовршување ќе помогне и те како на поквалитетниот живот на скопјани.

Она што успеав за овие 9 месеци да го стекнам како искуство таму и преку бројните состаноци организирани на оваа тема од луѓе што имаат искуство со справување со отпадот и што веќе знаат како да се работи на отпадот и како економски да се врати фидвекот према градот Скопје. Еден од начините е да се направи постројка за секундарна селекција на отпадот, преку таа селекција на отпадот околу 70-80% ќе може повторно назад да се врати преку фракции како што се метал, стакло, пластика, картон и секоја онаа фракција што може да се реупотребува внатре во бизнисот. Со тоа што 20-30% би завршувало на отворена депонија и те како ќе биде позитивно за градот Скопје и самото претпријатие во финансиски импут меѓутоа и со продолжување на векот на самата депонија, кажа Мицевски.

Мојот последен предлог и одлука од директорувањето беше токму зголемување на платите на вработените во ЈП Градски паркинг и беше тоа спроведено од страна на Управнит одбор, веданш по иницијативата. Сега веќе вработените во ЈП Градски паркинг земаат достоинствена плата која што можеби е на рангот на повисоките или највисоките плати на вработените во државна институција, рече Бојан Христовски, поранешен директор на ЈП Градски Паркинг, пред пристутните на политичкиот саем.

Христовски изјави дека за успешно менаџирање на едно претпријатие главни се три фактори, а тоа како што рече тој е задоиволен работник, функционално претпријатие и се разбира задоволен граѓанин. Според него, тој тоа успеал да го постигне додавајќи дека се покачила платата за 3000 денари на вработените, се намалило зонското паркирање од 25 проценти за граѓаните, но и покрај тоа претпријатитето со домажинско работење доби зголемен прилив на средства.

Неопходно е доброто менаџирање и тука би издвоил три главни фактори кои што се како формула за успешно општествено одговорно претрпијатие, а тоа е задоволен работник, функционално претпријатие и задоволен граѓанин. Многу е важно да се креира баланс помеѓу овие три главни фактори и мислам дека тој баланс го постигнав со мојот тим, а тоа е што вработените добија покачување од 3000 денари, граѓаните добија 25 проценти поевтин паркинг на зонско паркирање, а претпријатието доби сепак и покрај намалувањето зголемен прилив на средства од зонското паркирање во вредност повеќе од 25 проценти, вели Христовски.

Доскорешниот директор на Јавното претпријатија „Водовод и канализација“, Златко Перински рече дека ја испорачува работата за која е основано ова претпријатие, а во последно време, последниот месец, месец и половина е во медиумите е со непопуларни вести.

Според него предизвиците кои ги трпи претпријатието се многу големи и како пример посочи дека цената која ја плаќаат за електрична енергија е за шест пати поголема или сметката за септември била скоро шест пати поголема наспроти августовската.

Ние видовме дека ова ќе се случува и во февруари, март формиравме работна група во рамки на управниот одбор за да се најде начин претпријатието да инвестира во соларни панели со што според анализите излезе дека 70 проценти од потребите претпријатието може да покрива само, рече Перински.

Перински посочи дека ова не е реализирано и дека не знае зошто проектот не е продолжен. Тој се осврна на изработката на десет годишен план за водовод и канализација и додаде „и дека беше да направиме буквално библија по која ќе се развива водоводната, фекалната и атмосферската линија на град Скопје“.

Жалам, рече Перински, што изработката на пречистителната станица доби негативен контекст.

Пречистителната станица е проект започнат во 2019 година жал ми е што беше претставен во негативен план. Процесот е кристално чист, а ова е императив и за отворање на поглавјата со ЕУ“, заклучи Перински укажувајќи дека во делот на човечкиот потенцијал во претпријатието се потребни водоводџии, багерсисти, а оти токму ним не им беа продолжени договорите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.