Претседателот на државата, Стево Пендаровски во вечерашното гостување во емисијата на ТВ24 ги коментираше случувањата поврзани со студентите.
Тој вечерва изјави дека неговиот син е втора година на факултет во Скопје, но доколку бил од друг град секако дека не би го пуштил да живее во условите во студентите домови низ Македонија.
Јас живеам на стотина метри од студентскиот дом „Стив Наумов“. Ги знам условите. Но, тоа е така од порано и ништо за жал системски не е променето“, беше дециден претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.