Зошто регулаторна се уште молчи и не ги објавува новите цени на горивата?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали Владата на овој начин се штити од социјален бунт и затоа шверцерски навечер носат одлука за драматично покачување?

Очигледно е дека Владата е очајна да удри по грбот на граѓаните и секој чекор им е како повеќе да им го отежнат, а не олеснат животот на граѓаните.

Молкот на Владата и Регулаторна за цените на горивата е показател за стравот на Владата од социјален бунт, заради нивната неспособност, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.