Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров праша зошто Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел избегале од министерскиот состанок во Скопје. Според него тоа било добра можност за разговор и затоа се „кукавици“.

Македонскиот претседавач Бујар Османи промовираше многу добар слоган, „За луѓето се работи“. Верувам дека се работи за луѓето, но не на сите луѓе од земјите од ОБСЕ. Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Свесен сум за резултатот на оваа мала борба, Самитот е за одредена група на луѓе, не за сите граѓани, рече Лавров на прес-конференцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.