Во најавата за вечерашниот протест порталот ревиста.мк пишува дека „ВМРО и Левица ќе ги провоцираат Албанците“, затоа што маршрутата повторно ќе помине од Владата, преку мостот „Гоце Делчев“, под Стоковна куќа „Мост“, пред МНР и ќе заврши пред Собранието.

Организаторите на протестот ВМРО и Левица најавуваат дека денеска, 12.07.2022 година, протестот против „францускиот предлог“ ќе започне во 19:00 часот пред Владата на Република Македонија, преку ТЦ Мавровка, ќе се оди до Министерството за надворешни работи и потоа до Собранието на Република Македонија.

Како што се гледа и денеска, ВМРО и Левица ќе ги провоцираат Албанците, како што се случи минатиот пат, каде во старата скопска чаршија беше забележан инцидент меѓу двеете етнички групи. Проруските демонстранти по секоја цена сакаат немири во земјата и тоа најдобро се гледа во објавувањето на соопштението погоре!

Нејасно е што е тоа што толку ги провоцира Албанците кога протестите никако не се насочени против нив. Никој не ги спомнува, ниту пак народот носи транспаренти на кои нешто и во најмала мера може да се доведе во врска со Албанците.

Од кога тоа постојат етнички улици за народни протести? И зошто ТЦ „Мавровка“ е забранета за Македоците? Албанците на Груби имаат многу прашања да одговорат за етничката поделеност што ја потенцираат овие денови откако се протестира против францускиот предлог. Секако, откако ќе ја спорведат агендата за меѓуетнички тензии што ја најави Османи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.