Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски  во Тетово го формираше граѓанското здружение “За заедничка иднина” – Тетово.

“Одржавме средба со иницијативниот одбор и за Претседател на здружението во Тетово е избран Небоиша Захариевски. Граѓанскиот концепт се шири, граѓаните ги препознаваат нашите вредности. Продолжуваме…” истакна Димитриевски.

Претходно беа формирани граѓански здруженија во Куманово, Прилеп и Крушево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.