Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар “Мајка Тереза” во Скопје останала без ампули “Топотекан”.

Според информациите на Пресинг ТВ“, вработените на клиниката им се јавувале на пациентите, кои примаат хемотерапија, самите да си го обезбедат лекот.

Меѓу нив имало и такви, кои веќе почнале со хемотерапија, па сега се соочуваат со сериозен проблем за нејзино прекинување.

Препораката била ампулите да се набават приватно од домашните или од аптеките во соседните држави. Но, проблемот е што лекарството го нема ни тука, ни во соседството.

Ампулите “Топотекан” се производ на фармацевтскиот гигант “Фајзер”. Една чини малку над 100 евра.

Пракса на Клиниката за онкологија една ампула да се користи за три пациенти. Зачудува што лекарството го нема ниту во Грција, ниту во Бугарија, обете земји членки на ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.