Завршен е конкурсот за запишување ученици во прва година во скопските гимназии „Никола Карев“ и „Георги Димитров“, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Според извештајот на МОН, не се пополнети местата во трите гимназии во Скопје, „Јосип Броз Тито“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“, за кои со години владееше големо интересирање.
Според извештајот на МОН, во прва година вкупно се запишани 15.481 ученик од кои: 11.325 ученици за настава на македонски наставен јазик, 3.852 ученици за настава на албански наставен јазик, 298 ученици за настава на турски наставен јазик и 6 ученици за настава на српски наставен јазик.
Според видот на образованието, во двете пријавувања запишани се вкупно: 4.603 ученици во гимназиско образование и 10.277 ученици во стручно образование.
Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни, а второто пријавување на 27 и 29 јуни . Прелиминарните ранг листи се објавија на 22 јуни, односно на 29 јуни. Доставувањето на потребната документација до училиштата беше на 22 и 23 јуни и на 29 и 30 јуни. Конечните ранг листи се објавија на 24 јуни и на 1 јули.
Од МОН велат дека учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до полноќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.