Во Болницата во Велес која вчера ја посети министерот за здравство, Фатмир Меџити недостасуваат анестезиолози и за тоа не се кажа ни збор освен што истиот Меџити се сликаше за набавен апарат токму на овој оддел, реагираат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Нема централен довод за кислород во Болницата во Велес, проблем со кој се соочуваат и други болници.
Во најлоша состојба е инфективното одделение кое не е реновирано од кога е направено и кое работи само амбулантски поради немање кадар.
Модуларната болница е запуштена и во катастрофална состојба.
На рентген нема нитуеден доктор.
Закочен и доцни тендерот на хирургија, па заради недостиг на материјали и наједноставни случаи се праќаат во Скопје, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Според нив, ни во Болницата во Велес не се преземени суштински подобрувања, нема основни материјали, недостигот на кадар, запуштена инфраструктура е уште еден показател за пустошот и во здравството во Велес.

На фотографите е прикажана состојбата на инфективното одделение, состојбата на модуларната болница и пералните кои во моментов се нефункционални



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.