Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците и некогашен лидер на партијата, Зијадин Села смета дека на престојните избори треба да настапат сами, а според него, истиот став го дели и актуелниот партиски лидер, Арбен Таравари.

Јас сум поборник на идејата дека Алијанса за Албанците треба сама да оди на избори. И понатаму сум на тој став. Алијанса за Албанците ќе биде фактор преку кој промените имаат поента на политичката сцена во земјата. Алијанса за Албанците ќе оди на избори за да победи. Сама? Сама, според мојот концепт, секако има партиски органи. Во моментов постои само една одлука. Станува збор за одлука на централното претседателство Алијанса за Албанците да оди сама на избори. Во оваа дебата некаде околу 90% од членовите на централното претседателство се согласуваат со оваа одлука која ја донесовме заедно. Дали овој став го дели и претседателот на партијата Арбен Таравари? Секако. Тој раководеше со седницата на централното претседателство и на средбите на централното претседателство, но и на заедничките средби го делиме истиот став, односно дека сами треба да одиме на избори, изјави Села во интервју за вестите на „Алсат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.