За само неколку дена Бојан Јовановски и неговиот татко изглегоа со сведоштва за директна вклученост на Зоран Заев во случајот „Рекет“. Двајцата Јовановски, едниот о затвор а другиот од тв интервју проговорија за тортурата што ја преживеале.

Боки тврди дека емисари на Зоран и Вице Заев му се заканувале дека ќе го ликвидираат и оти нема жив да излезе од затвор и оти не се точни тврдењата дека власта финансиски ја помагале 1ТВ.

Исто так Боки го праша Заев дали не се срами кога вели дека го познава само од телевизија кога пола СДСМ бил кај него дома.

 

За мене скоро па сите од СДСМ велевте дека не сте ме познавале, дека сте ме познавале само преку телевизија, па потоа дека сум ве злоупотребувал. Ма немојте ве молам, па нели се срамите, имате ли тронка човечко достоинство?

Боки опиша и како Заеви го рекетирале бизнисменот Мицевски.

Силјан Мицевски во една прилика ми вели, цитирам: “Овие се без усул, поиќе ми зедоа него што треба да наплатам”!!! Еее па Зоране и оваа изговорена реченица ја има во мојот телефон како материјален доказ-напиша Боки.

До каде одела монструозноста на Заев говори и тоаш што додека Боки бил во притвор го терал да пишува писмо во кое ќе го велича неговиот лик и дело.

Се сеќавате ли како присилно ме натеравте да напишам писмо додека бев во Шутка каде што ќе го величам вашето име и ќе напишам дека немате врска со случајот рекет??? Е тогаш ме натеравте присилно да пишувам писмо, ми го уништивте семејството, го инкриминиравте мојот татко во кривични процеси само поради притисок врз мене, ми ја уништивте телевизијата, ме оцрнивте и од мене направивте најголем злосторник и криминалец, но ете дојде ден кога своеволно ви го пишувам ова писмо полно со факти и аргументи!

Миле Јовановски пак наведе дека  Заев го контролирал во целост правосудниот систем одлучувал кој ќе оди во притвори и во затвор, посочувајќи дека ги имал рацете врз судството и обвинителството.

Таткото е загрижен дека раката на заеви е долга и оти е можно неговиот син да биде и убиен во затворот.

Се плашам за мојот син. Најмногу кога беше во истражниот затвор, затоа што имав дојава од близок човек во правосудните органи дека имало, ми цитираше пораки, дека нема да излезе жив од затворот, дека ќе го убијат.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.