Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова, коалициска партнерка на СДСМ во власта, во дебатниот магазин 24 Анализа на ТВ 24 изнесе критики за состојбите во правосудството и беше резервирана околу можноста да биде сменет министерот за правда Никола Тупанчески. Таа призна дека владата не спроведува реформи во правосудниот систем бидејќи како што рече таа на некому му одговора ваквиот хаос се со цел да нема одговорност.

Нејзината изјава доаѓа откако деновиве постојано се шпекулираше дека ресорот правда СДСМ ќе му го отстапи на новиот партнер во власта, Алијанса за Албанците.

Реформите во правосудниот систем не се на некое завидно ниво, а со мали чекори можевме да ги направиме. Не навлегувам во персонални решенија, но ресорот како ресор има многу работа и има многу што да се работи – од Судскиот совет, судската администрација, одговорност на судии итн. Да детектираме кои се тие судии и обвинители кои се подложни на корупција и не си ја вршат својата работа, рече Зајкова.

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов со умерен коментар за можноста за смена на Тупанчески.

Можам да имам лични перцепции, најбитно е сите министри во своите ресори да бидеме на висина на задачата и да се работи исклучиво во инетерес на граѓаните. Не сме сите компетентни да го даваме своето мислење, а најдобро мислење на крајот го дава јавноста за тоа кој најдобро се грижи за нивните интереси, рече Костадинов за тоа како ја оценува работата на Тупанчески и за тоа дали треба да биде заменет со кандидат од Алијанса за Албанците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.