Непосредно пред одбележувањето на годишнината од раѓањето на Таткото на македонската нација – Гоце Делчев, повеќе членови на Централниот комитет на Левуца, без овод и причина, утрово координирано биле повикани на „информативен разговор“ во полициските станици низ Македонија, се жалат од партијата.

Владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одамна ставени во служба на неоврховизмот, продолжуваат со тактиките за заплашување и притисок врз Левица, како единствена антифашистичка Партија со теренска поддршка – бидејќи целта е да се задуши народниот антифашистички порив. Наместо репресијата врз сопствениот народ, Министерството на Спасовски ги штити фашистите како Ангел Џамбаски, кога доаѓаат во Македонија, да ни ја негираат посебноста и да артикулираат иредентистички политики, велат од Левица.

Тие порачуваат дека она што не го разбираат овие политичари-полтрони е дека борбеноста која се содржи во македонскиот народ не може да биде угнетена преку ваквите подли методи својствени за хибридните режими.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.