Поранешната висока функционерка на СДСМ Софија Куновска, гласен критичар на политиките на поранешното и сегашното раководство на партијата смета дека за францускиот предлог се зборува многу, но клучно зошто се инсиситра да се протурка е стравот на СДСМ дека ќе ја изгуби власта ако тој пропадне. Или кажано со други зборови, францускиот предлог му е исклучително важен на ДУИ, а без ДУИ нема власт.

Гледам бесконечен број наводни дебати на темата “француски предлог”, а се ми се чини дека “зајакот лежи” во одговорот на едно непоставено прашање до ДУИ:
Ќе излезе ли од владата ДУИ ако СДСМ не застане зад францускиот предлог?
Или, со други зборови, ќе ја загуби ли СДСМ власта во истиот момент кога би го отфрлила францускиот предлог?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.