Поранешниот премиер Зоран Заев доби овации и аплаузи во Грција на партискиот конгрес на Сириза, чиј лидер е неговиот поранешен грчки колега, Алексис Ципрас.

При својот говор, Ципрас во еден момент ги спомна поранешниот грчки министер за надворешни работи и еден од потпишувачите на Преспанскиот договор, Никос Коѕијас и Заев и им се заблагодари за потпишувањето на Договорот.

Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблогодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност- рече лидерот на СИРИЗА од Атина, по што Заев доби големи овации од присутните членови и делегати на СИРИЗА.

Моментот со Заев можете да го видите од 1:12:13.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.