Денешното чествување на Гоце Делчев го покажа на дело стравот на македонскиот државен врв и потичинетоста во однос на Бугарија.
Откако премиерот Ковачевски „случајно“ се погоди да биде во Брисел токму на роденденот на македонскиот великан, тој и во честитката на Фејсбук на Фејсбук никаде не споменува дали Гоце Делчев е Македонец.
Ковачевски споменува дека Делчев е „великанот на македонското национално револуционерно дело,“ но не и дека е македонски револуционер.
Ниту во официјалното соопштение од Влада за денештното чевствување на македонскиот револуционер Гоце Делчев не се споменува дека тој е Македонец. Тој за Владата е само историски великан.
Слична реторика користи и претседателот Стево Пендаровски.Откако го според бугарскиот премиер со Нелсон Мендела, шефот на државата во честитката говори дека е визионер и предводник на македонското националноослободително дело, стожер на македонската самобитност. Дали е Гоце Македонец од Пендаровски не слушнавме.
И во неговата честитка, како и во официјалното соопштение испратено до медиумите терминот македонски револуционер не се користи.
За разлика од нив, бугарскиот премиер Кирил Петков не се плаши јасно да каже дека според него Гоце Делчев е Бугарин.
За него, Делчев е бугарски и еден од најсветлите умови на нашата (бугарската) историја. Македонците дури и не ги споменува туку ги нарекува народот во Ceверна Македонија.
Државната агенција МИА дури и се обиде да ја скрие објавата на Петков и го објави само делот дека „Гоце Делчев е нераздовен дел од историјата на двете земји“, но не и делот каде вели дека Делчев е Бугарин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.