Цените на услугите на надзорот, патем, се пред се за ангжман на домашни експерти. Иако на чело на конзорциумот за надзор на „Бехтел и Енка“ стои „ИРД Инеженеринг” од Италија, чиј претставник и ги потпишуваше договорите со Јавното претпријатие за државни патишта пред камерите, најголем дел од работата, а со тоа и парите, ќе одат преку македонските фирми „Електра солушнс“ и „Евро консалтинг“, објави 360 степени.

Минатата недела, на 8 март, Владата го потпиша договорот со „Бехтел и Енка“. За 1,3 милијарди евра, американско-турскиот конзорциум треба да гради делови од коридорите 8 и 10-д.

Развиваме инфраструктура која значи развој на економијата“, изјави тогаш премиерот Ковачевски.

Но, за да има договор за потпишување, Владата прво мораше да избере консултант. Првиот обид пропадна бидејќи испадна дека зад водечката фирма во избраниот конзорциум стои руски капитал и тоа блокиран поради санкции.

Анализата на договорот што ја направи „360 степени“ покажува дека она што на јавноста ѝ се претставува како надзор од меѓународни експерти, всушност, е само завеса зад која доминантно стојат домашни кадри.

Овие листови се само дел од неколкуте стотици страници од договорот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот предводен од „ИРД инженеринг“. На тие страници се сите детали за тендерот кој чини 22,3 милиони евра без ДДВ, пари што државата се согласи да ги плати за конзорциумот предводен од италијанската компанија – прво, да договори сума за изградба на автопатите со изведувачот „Бехтел и Енка“, а потоа и да врши надзор над градбата.

На тие страници, поединечно, се набројани и имињата на експертите што ќе работат на надзорот, но и колку ќе чини нивната работа. Прва работа што паѓа во очи е дека од 81 име, само 5 се на странци од кои четворица од земји од соседството.

Целата објаава на 360 степени прочитајте ја ТУКА

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.