Каја Калас, актуелната премиерка на Естонија, ја доби поддршката од Соединетите Американски Држави, Франција, Германија и Обединетото Кралство за да стане следниот генерален секретар на НАТО, со што стана првата жена и првата од источна и централна Европа што ќе ja предводи Алијансата.

До неодамна, фаворит за наследник на Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО беше холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, но се чини дека Калас ги освои Германците и Американците, кои го променија мислењето.

Бујар Османи тврдеше дека му е предложено по мандатот како министер за надворешни работи да се кандидира за генерален секретар на НАТО, пренесоа повеќе медиуми на албански јазик. Веста ја објави и ТВ21 повикувајќи се на дипломатски извори. И самиот Османи потврди дека има препораки од меѓународни организации, но без конкретно да посочи кои.

А за ова дека неодамна беше објавемо дека на Бујар Османи му е предложено, Османи изјави:

Точно е дека имам некои препораки за некои меѓународни организации, но сега сум фокусиран на моите политички определби во земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.